27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMalaysia Airlines размислува за разрешување на илјадници работници

Malaysia Airlines размислува за разрешување на илјадници работници

malaysia_033

Авиокомпанијата „Malaysia Airlines“ ја разгледува можноста за намалување до 20 отсто на работните места, како мерка за надминување на тешката финансиска состојба, настаната како резултат на двата големи инциденти со патничките авиони во оваа година, пишува „Стрејтс тајмс“.

Според изданието, станува збор за разрешување на илјадници работници, а отпуштањата ќе влијаат и на раководството на националниот авиопревозник на Малезија. Изворите на весникот нагласуваат дека овие мерки можат да доведат до екстремно непријатни политички последици по исчезнувањето во март на авионот над водите на Индискиот Океан, како и паѓањето на леталото во јули во регионот на Донецк.

Сега владата се обидува да одговори на острите критики, ветувајќи дека ќе ја спаси авиокомпанијата. Следната недела се очекуваат финансиските извештаи на „Malaysia Airlines“ за вториот квартал на годината, кои, како што предвидуваат аналитичарите, „ќе содржат ужасни индикатори“.

Првиот квартал беше најлошиот за последните две години: загуби во износ од 137 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП