28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија губи 1,5 милијарди евра поради санкциите

Холандија губи 1,5 милијарди евра поради санкциите

money4

Забраната за увоз на прехрамбени производи во Русија на Холандија ќе и нанесе штета од 1,5 милијарди евра изјави шефот на холандската Конфедерација на индустријалци и работодавачи, Ханс де Боер.

Претходно беше спомената сума од 500 милиони евра, но според мислењето на многумина тоа е премногу оптимистички, пренесува агенцијата Итар тас. Во тие предвидувања не се пресметани холандските посредници, кои работат во земјите на Источна Европа, изјави Боер.

Во министерството за економија е одржан затворен состанок за храната, во врска со новонастанатата сложена ситуација.

Конфедерацијата на состанокот се обрати до државниот секретар на министерството задолжено за земјоделство, со барање за анагажирање на државата во решавањето на ова прашање.

Владата би требало да влијае на земјоделците и производителите да одгледуваат помалку овошје и зеленчук со цел да се избегне презаситување на пазарот, а со самото тоа и пад на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП