25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Ивановски ќе го посети Централниот регистар на РМ

Министерот Ивановски ќе го посети Централниот регистар на РМ

ivo1

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе го посети Централниот регистар на Република Македонија и ќе оствари работна средба со в.д. директорот Андреа Поповски.

Иваноски најави средби со директорите на институциите по презентацијата на резултатите од спроведената анкета за задоволството на граѓаните од државните институции, која Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја спроведува втора година.

Според анкетата, граѓаните оваа година се најмногу задоволни од севкупната работа на Централниот регистар, кој е оценет со највисока оценка (5) од 51 отсто од испитаниците.

Целта на анкетата е да се постигне конкурентност, спроведување на планираните реформски процеси во јавната администрација и посервисно ориентирани институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП