27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM ја купи компанијата Lighthouse

IBM ја купи компанијата Lighthouse

ibm chipovi

Американскиот информатички гигант „IBM“ ја купи компанија „Lighthouse“, издавач на платформа која им овозможува на компаниите управување со безбедноста на идентитетот и податоците.

Тоа е, по купувањето на компанија „CrossIdeas“ минатата недела, второ купување на „IBM“ во текот на последните седум дена, во областа на информатичката безбедност, со што овој американски гигант ја комплетираше својата понуда за управување со идентитетот и податоците.

Износот на трансакцијата сеуште не е објавен.

Со купувањето на „Lighthouse“ и „CrossIdeas“, „IBM“ вели дека е во можност да развива целосен софтверски систем кој овозможува обезбедување и управување со идентитетот на корисниците, без оглед дали станува збор за вработени или клиенти, чии податоци се повеќе се складираат надвор од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП