3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо кредит за самовработување од АВМР отворен успешен бизнис за плетени производи

Со кредит за самовработување од АВМР отворен успешен бизнис за плетени производи

agencija-za-vrabotuvanje22222

Фирма која произведува машински и рачнo плетени парчиња облека, и покрај во Македонија, ги пласира и на странските пазари, е еден од повеќето успешни бизниси реализирани со помош на кредит за самовработување од Агенцијата за вработување на Република Македонија.

„Ова е бизнис во кој се вложува многумака, но на крај се исплатува. Нашиот корисник е успешен бизнисмен кој веќе година и пол опстојува на пазарот и ги пласира своите производи. Ова е активност која изумира полека. Ние, заедно со Владата на Република Македонија, во наредниот период сакаме да ги вратиме занаетите на картата на постоечки бизниси, бидејќи се повеќе и повеќе има туристи во Македонија и тие сакаат да земат некое парче кое ја означува Република Мкаедонија, традицијата, историјата…“, истакна директорот на АВРМ Влатко Поповски кој денеска ја посети фирмата.

Додаде дека во текот на наредниот период АВРМ ќе објави оглас за сите заинтересирани кои ќе сакаат да се обучат за плетење, шиење или везење. – На ваков начин ќе им овозможиме соодветен вид образование, да добијат сертификат дека можат да бидат самостојни во плетење, везење и шиење и подоцна да бидат успешни бизнисмени, рече Попоски.

Валентина Здравевска, сопственик на фирмата, појасни дека со бизнисот започната во март минатата година и оти оттогаш постојано го развива.

„Претходно бев седум години невработена и регистрирана во АВРМ. По професија сум магистер на правни науки. Од плетење и занаетот немав никакво познавање. На интернет ги видов машините и ги купив. Најдов луѓе да ме обучат, а потоа сама постепено почнав да ги креирам моделите дома. Сфатив дека имам некој талент кој ќе ме води напред. Ја регистрирав фирмата и работите почнаа сами по себе да течат. Муштериите станаа презадоволни од моите креации. Со мојот бренд сум позната и надвор од Македонија. Извезувам за Австралија, работам за Германија, Словенија, моментално сум во преговори за Исланд“, истакна таа.

Ги охрабрувам, рече, сите кои сакаат да започнат бизнис да земат ваков кредит и едноставно да не се жалат сами себеси туку да работат.

Појасни дека планира да отвори мал погон во кој ќе вработи за почеток 10-тина жени обучени за машинско и рачно плетење и дека сака да ја прошири дејноста особено на подрачјето на Скопска Црна Гора со изработка на џемпери со македонски мотиви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП