25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаночната евазија ќе се намали за 25 проценти со он-лајн систем за...

Даночната евазија ќе се намали за 25 проценти со он-лајн систем за следење на готовинскиот промет

41AD13D15C17207171A544641E190F19

Системот за он-лајн следење на готовинскиот промет во Македонија стартуваше. Првиот фискален апарат со ГПРС уред е регистриран на 5 август, а заклучно со вчерашниот ден регистрирани се вкупно 28 фискални апарати. Целиот систем треба да се заокружи во јануари 2015 година. Очекувањата се дека ќе ја намали даночната евазија до 25 проценти.

Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски денеска на прес-конференција информираше дека процесот на префрлување на овој систем ќе трае до 31 јануари следната година и ќе се одвива во две фаза. Во Првата фаза ќе бидат опфатени големите даночни обврзници кои во минатата година имале промет со 10 милиони денари, како и бензиските пумпи и угостителските објекти кои имаат обврска да се поврзат со системот до 31 октомври годинава, а останатите до 31 јануари 2015 година.

Во првата група ќе бидат опфатени 8.989 даночни обврзници кои поседуваат 26.679 фискални апарати, а во втората фаза се вкупно 39.685 даночни обврзници со 52.975 фискални каси.

„Верувам дека целиот процес ќе биде заокружен и да бидат сите онлајн поврзани во овој рок и очекуваме со воведувањето на системот 20 до 25 проценти од придобивките на дисциплината и на даноците кои произлегуваат од регистрација на прометот“, истакна Трајковски и додаде дека услужните дејности се со најголеми можности за евазија.

Како што појасни со системот нема повеќе да се случи контрола на терен. Таа ќе се спроведува само доколку системот покаже проблем и неправилност.

Фирмите имаат на располагање во моментов девет фискални апарати од тројца производители, а 12 се во фаза на регистрација. Трошоците за набавка на новите фискални апарати ќе се сметаат за расход и ќе ги преземе Буџетот на Република Македонија.

Според директорот на УЈП со ваквиот избор на фискални апарати е елиминиран моментот во однос на монопол и оти очекува да бидат достапни 35 до 40 модели на фискални апарати.

Системот кој се користи е најсовремен и обезбедува сигурност и доверливост на информциите.

Ваков систем имаат веќе воведено Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија и Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП