3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel: Растот ги потврди прогнозите

Henkel: Растот ги потврди прогнозите

henkel 38

Германската хемиска и козметичка групација „Henkel“ ја потврди прогнозата за заработка за цела година по растот на профитот во вториот квартал.

„„Henkel“ во второто тромесечие продолжи со добрите резултати. Покрај долготрајните услови за работење, сите наши сектори евидентираат раст во продажбата и профитабилност“, изјави извршниот директор на компанијата Каспер Рорштед.

Во трите месеци заклучно со јуни, нето профитот порасна за 5.5 отсто или на 441 милион евра, иако заработката во работењето е намалена за 2.9 проценти на 589 милиони евра, а приходите за 3.5 отсто на 4.13 милијарди евра.

Пазарите во развој повторно значајно допринесоа во вкупните резултати, истакнуваат од „Henkel“, додавајќи дека, сепак, приходите негативно влијаеле на девизните пазари, кризата во Украина и на долготрајните немири на Блискиот исток.

И покрај сите предизвици, „Henkel“ ја потврди прогнозата за 2014-та и очекуваат раст на приходите од три до пет проценти, а на профитот од 15.5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП