понеделник, 6 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстрага за продажбата на „Нафтената индустрија на Србија“ на „Газпром“

Истрага за продажбата на „Нафтената индустрија на Србија“ на „Газпром“

JuzniTokBETA

Српските власти започнаа истрага за продажба на „Нафтена индустрија на Србија“ (НИС) на руската компанија „Газпром“ во 2009 година, кога тогашната Влада во Белград потпиша 30-годишен енергетски договор со Русија, со што и ја отстапи контролата врз српскиот нафтен и гасен пазар.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека е формиран посебен тим за истрага на сите факти и околности поврзани со приватизацијата на НИС.

Во врска со ваквата најава НИС соопшти дека за ова прашање се одговорни владите на Србија и Русија, а прес-службата на „Газпром“ одби да ја коментира истрагата.

Истрагата за приватизацијата на НИС доаѓа во момент кога српскиот премиер Александар Вучиќ се наоѓа под притисок на опозициските партии да открие детали за договорите што Владата на актуелната владејачка коалиција во 2012 година ги склучи со инвеститори од Обединетите Арапски Емирати, кои вклучуваат и продажбата на 49 отсто од акциите на националниот авиопревозник „Ер Србија“ на „Етихад Ерлајс“.

Србија ја продаде единствената нафтена компанија НИС во времето на спорот за пририден гас меѓу Русија и Украина кон крајот на 2008 и почетокот на 2009 година. Таа отстапи 51 процент од компанијата на „Газпром“ за 400 милиони евра во моментот кога НИС имаше капитал од 993,8 милиони евра. Во наредните три години руската компанија дополнително инвестираше 500 милиони евра за модернизација на НИС.

Купувањето на НИС му овозможи на „Газпром“ да контролира 51 процент во компанија „Јужен поток Србија“, која ќе стопанисува со српскиот дел од гасоводот „Јужен поток“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП