30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft гради ново европско „мега“ седиште во Ирска

Microsoft гради ново европско „мега“ седиште во Ирска

M

Дека деловните планови на „Microsoft“ не се базираат само врз отказите може да се види и во најновиот извештај кој го објави „Irish Times“, а во кој се наведуваат плановите на „Microsoft“ за изградба на ново европско „мега“ седиште.

„Microsoft“ за локација го избра Леопардстаун (Ирска) на чии власти пред почетокот на изградбата на име придонеси се согласил да им исплати 11, 1 милиони американски долари. Изградбата нема да биде воопшто лесна, бидејќи „Microsoft“ за време на изградбата треба да води сметка за 35 различни услови, меѓу кои се наоѓа и зачувувањето на шумата и изградбата на доволен број на паркинг места со цел да не се создава непотребна гужва.

За таа цел, „Microsoft“ планира да изгради вкупно 558 паркинг места наменети за автомобили (343 места на површината), како и дополнителни 24 места за мотори и велосипеди кои ќе бидат сместени во подрумските простории. Новото седиште ќе има меѓу четири и пет ката на кои освен 2000 вработени во „Microsoft“ ќе се најде и центарот за рекреација.

Колкави ќе бидат вкупните трошоци за изградбата засега не се знае, а за сето тоа повеќе информации ќе бидат објавени на крајот на 2016 година кога е планиран крајот на изградбата на ова ново седиште на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП