30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ Apple има приходи колку Coca Cola и McDonald’s заедно

Apple има приходи колку Coca Cola и McDonald’s заедно

app

Не е тајна дека повеќето приходи на „Apple“ доаѓаат од паметниот телефон „iPhone“.

Во текот на последниот квартал 53 проценти од 37.4 милијарди долари приходи се од страна на култниот паметен телефон.

Таква „златна кокошка“ многумина би сакале да имаат во своите редови, а некои иако имаат големи приходи, добивката и натаму им паѓа. Но, тоа не е случај кога говориме за „Apple“. Нивната финансиска слика е многу стабилна или можеме слободно да кажеме, повеќе од здрава.

Некои аналитичари бараа „Apple“ да ги намали цените поради зголемување на пазарниот удел, но добија многу остар одговор дека таков потег е за будали.

Тие играат на картата на квалитет, клутниот статус и повисоката цена. Многу добро знаат дека повеќето корисници би сакале да бидат дел од тој ексклузивен клуб и дека за тоа се подготвени да одвојат многу „зелени банкноти“.

Кога ќе се споредат приходите со други мултинационални компании, тогаш може да се види колку „Apple“ навистина е моќна компанија.

Интересно е дека „Apple“ има приходи толку колку што имаат „Coca Cola“ и „McDonald’s“ заедно. Па тогаш можете да си замислите за каков гигант станува збор и дека мораме да му ја симнеме капата до под.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП