26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕлон Mаск: Пазете се од вештачка интелигенција која доаѓа

Елон Mаск: Пазете се од вештачка интелигенција која доаѓа

terminator 3

Основачот на „Tesla Motors“ и „SpaceX“, Елон Маск, преку друштвените мрежи испрати предупредување за вештачката интелегенција.

Ова предупредување дојде откако пред еден месец овој милијардер и еден од највлијателните луѓе во светот, соопшти дека вештачката интелегенција би можела да доведе до сценарио слично како она во култниот филм Терминатор.

Маск изминатиот викенд повторно предизвика страв од вештачката интелегенција објавувајќи пост на својот профил на „Twitter“, кој „Mashable“ го нарече: најконтроверзна технолошка изјава во неговата кариера.

„Треба да бидеме многу внимателни со вештачката интелегенција. Таа потенцијално е поопасна од нуклеарното оружје“, напиша тој, а „Mashable“ додава дека „ретко се случува така позната личност која е длабоко во технолошкиот свет да користи така остри термини кога е во прашање оваа тема“.

Маск со ова ги повика своите следбеници да ја прочитаат кинигата „Superintelligence“ на Ник Бостром во која се поставуваат бројни прашања за тоа како човештвото во иднина ќе се справи со многу интелегентните компјутери.

Тој неодамна потврди дека вложил во компанијата „Vicarious“, која се занимава со компјутерска интелегенција. Меѓутоа, првиот човек на „Teslа“ вели дека во таа инвестиција не тргнал по парите, туку со цел да го „држи во вид“ технолошкиот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП