18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНишто од најголемиот снабдувач на банани во светот?

Ништо од најголемиот снабдувач на банани во светот?

banani 3950

Две бразилски компании понудиле 611 милиони долари за превземање на американската компанија за одгледување и извоз на банани „Chiquita“, а со тоа го ставија под знак прашалник најавеното соединување на таа компанија и европскиот ривал „Fyffes“.

За превземањето на „Chiquitа“, најголемиот бразилски извозник на сок од портокал „Cutrale“ и инвестициската банка „Safra“ понудиле 611 милиони долари, односно 13 долари по акција, што е за 29 проценти повеќе од нивната моментална вредност, пренесуваат светските агенции.

Најновата понуда е закана за планираното соединување на „Chiquitа“ и ирската компанија „Fyffes“, односно основање на најголемата светска компанија за одгледување и извоз на банани со годишни приходи од 4.6 милијарди долари.

Поради новата понуда, останува да се види како од „Fyffes“ ќе реагираат на конкуренцијата и дали и тие ќе ја зголемат својата понуда за остварување на својата претходно замислена цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП