11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабележано намалување на паричните трансакции на албанските емигранти

Забележано намалување на паричните трансакции на албанските емигранти

transfer pari23

Финансиските средства испраќани од албанските емигранти на нивните семејства во Албанија кон крајот на првото тримесечие од оваа година се намалени и изнесуваат 115 милиони евра, пишува албанскиот весник „Шкип“, повикувајќи се на податоци на Централната банка.

Во четвртиот квартал од 2013 година оваа сума изнесувала 159 милиони евра, а во споредба со 2007 година финансиските трансакции, кои претставувале 13 отсто од БДП, се намалени за 33 отсто или за 430 милиони евра.

Според албанската Централна банка намалувањето на средствата се должи на кризата во голем број земји во светот, каде работат албанските емигранти и на враќањето на голем дел од нив во Албанија.

„Шкип“ пишува дека тоа ја принудило албанската Влада да го насочи своето внимание кон други сектори на економијата, како земјоделството и преработувачката индустрија, со цел да го компензира настанатиот вакуум.

Најголемиот дел на финансиски средства од албанските емигранти доаѓаат од Грција (42 отсто), Италија (38,5 отсто) и САД (8,1 процент).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП