11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas започна рекламна офанзива

Adidas започна рекламна офанзива

1adidas-primeknit

Adidas за наредната година ја планира најголемата рекламна кампања во историјата, во обид да одговори на својот најголем ривал, компанијата „Nike“.

Вториот по големина производител на спортска опрема во светот признава дека е потребно повеќе да инвестира во своите брендови со цел да се израмни со лидерот „Nike“, откако изгуби дел од пазарите во развиените земји.

Извршниот директор на германската компанија Херберт Хаинер наведува дека „Adidas“ за 2015 годиа ја планира најамбициозната кампања во историјата на компанијата.

„Разочарувачки е тоа што по волку успешното лето за спорт морам да кажам дека нашата групација не ги исполни високите цели кои ги посакувавме, па целосно ја преземаме одговорноста во најкраток можен рок тоа да го поправиме“.

Мораме да ја подобриме играта. Јас сум напаѓач и сакам да победувам. Очигледно е дека мора уште многу да тренираме, изјави Хаинер.

Лидерот на „Adidas“ наведува дека компанијата наредната година ќе го зголеми рекламниот буџет од 13 на 14 проценти од вкупните приходи.

Компанијата неодамна ја намали прогнозата за оваа година, откако во вториот квартал забележа пад на профитот од работењето од 13 проценти на 220 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП