28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерски состанок во Атина за санирање на последиците од руското ембарго

Министерски состанок во Атина за санирање на последиците од руското ембарго

atina2

Во Атина се одржа министерски состанок на кој се дискутираше за последиците од руското ембарго на увоз од ЕУ, со кој претседаваше грчкиот министер за финансии Гикас Хардувелис.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на состанокот присуствуваа и министерот за рурален развој и храна Јоргос Карасманис, заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас, заменик-министерот за надворешни работи Димитрис Куркулас и заменик- министерот за развој Нотис Митаракис.

По средбата е објавено соопштение во кое се вели дека грчката Влада интервенирала на време, уште пред Русија да одлучи да воведе ембарго, барајќи мобилизација на ЕУ за заштита на грчките и европските производи за време на кризата во Украина.

Во овој контекст, се разгледуваат решенија на европско ниво со цел справување со последиците со користење на европските средства кои се на располагање во случај на вонредна состојба.

Доколку е потребно, целта на грчката Влада е да обезбеди фондовите на ЕУ да бидат засилени со нови алатки и механизми, со цел навремено и сеопфатно справување со проблемот кој се појави во Грција и другите земји производители во ЕУ , и да се зајакне со национални активности во согласност со прописите на Унијата, се вели во соопштението.

Врвен приоритет за одговорните агенции, кој веднаш е во сила, е детално да се регистрираат штетите, а грчката Влада повтори дека одблизу го следи проблемот и оти стои на страната на грчките фармери кои се засегнати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП