3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAudi ќе ја прифати казната во Кина

Audi ќе ја прифати казната во Кина

Audi_Logo222

Германскиот производител на автомобили „Audi“ соопшти дека ќе ја прифати казната на кинеските власти кои утврдиле дека го прекршиле законот против монопол во Кина.

Властите во Пекинг соопштија минатата недела дека имаат намера да ги казнат „Audi“ и американски „Chrysler“ поради кршење на антимонополскиот закон.

Националната комисија за развој и реформи наведува дека „Chrysler“ од групацијата „Fiat“, спроведувал „монополска пракса“ во Шангај и дека „Audi“ истото го правел во Хубеиј.

„Кинеското регулаторно тело установило кршење на законот против монополот во компанијата „Audi“, па така ние ќе ја прифатиме казната за тој прекршок“, се наведува во соопштението на „Audi“ во Кина.

Пекинг неодамна соопшти дека започнале антимонополска истрага и против компанијата „Microsoft“.

„Microsoft“ во Кина има де факто монопол, затоа што нивниот „Windows“ и други производи сочинуваат 95 проценти од пазарот.

Антимонополскиот закон е усвоен во 2008-ма во Кина. Тогаш светските компании го поздравија законот со оцена дека претставува чекор напред кон подобри услови за работа во оваа земја. Меѓутоа, тие компании сега сакаат тој закон почесто да се применува на странските, отколку на домашните производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП