3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMars го презема секторот за храна за домашни миленици од P&G

Mars го презема секторот за храна за домашни миленици од P&G

iams-pet-food-products

Компанијата „Mars“ објави дека успешно е завршено преземањето на брендовите „Iams“, „Eukanuba“ и „Natura“ од компанијата „Procter & Gamble“ во Северна Америка, Латинска Америка и други избрани пазари.

Ова е остварено по договорот коj компаниите го објавија во април 2014 година, по собирањето на сите потребни регулаторни одобренија.

„Mars“ исто така објави дека ќе ја искористи можноста за преземање на секторот за храна за домашни миленици на „Procter & Gamble“ во некои делови од регионот на Азија-Пацификот, Блискиот Исток и Африка, вклучувајќи ги и Австралија , Јапонија и Сингапур.

Овој потег ја зацврствува стратешката намера на компанијата поврзана за пристапноста на пазарите во развој и ќе му овозможи на секторот за нега на домашни миленици на компанијата „Mars“ задоволување на потребите на уште поголем број на потрошувачи и домашни миленици во целиот свет.

Споменатите брендови ќе бидат дел од секторот за нега на домашни миленици на „Mars“ и претставуваат стратешки додатоци со кои дополнително ќе се збогати портфолиото на производи за домашни миленици.

„Iams“, „Eukanuba“ и „Natura“ така ќе им се придружат на веќе постоечките стабилни брендови вклучувајќи ги „Pedigree“, „Whiskas“, „Royal Canin“, Banfield„“ и „Nutro“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП