5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолговите на граѓаните на Хрватска надминаа 3,5 милијарди евра

Долговите на граѓаните на Хрватска надминаа 3,5 милијарди евра

admiral-evra

Поради долговите кои надминаа 3.5 милијарди евра во Хрватска блокирани се сметките на 316,919 граѓани, покажуваат податоците за јуни на хрватската Финансиска агенција.

Најголем дел од долгот на граѓаните од 3,2 милијарди евра се однесува на долговите кон банките, телекомунукациските компании, осигурителните друштва, комуналните претпријатија, како и на лизинг.

Најмногу граѓани на кои им се блокирани сметките живеат во Загреб – речиси 60,000.

Во однос на вкупниот број на жители како и работоспособното население најмногу блокирани се сметките на лицата од Копривничко-крижевачката, Сисачко-мославачката и Вировитичко-подравската област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП