3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајплатените директори на технолошки компании

Најплатените директори на технолошки компании

kancelarija 393

Додека некои сопственици/директори, вклучувајќи ги Марк Цукерберг, Лери Пејџ и Сергеј Брин (основачот на „Facebook“ и коосновачите на „Google“) имаат плата од 1 долар, други директори заработуваат многу пари.

„New York Times“ ја состави листата од 200-те најбогати директори, во кој поголемиот број од нив се од технолошките компании.

„Business Insider“ ја претстави листата од 17 најбогати директори на технолошки компании.

#17 Adobe CEO – Шантан Нарајен имал примања од 15.7 милиони долари во 2013-та.

#16 Verizon – Ловел МекАдам имал примања од 15.8 милиони долари во 2013-та.

#15 Broadcom CEO – Скот МекГрегор имал примања од 15.9 милиони долари во 2013-та.

#14 Splunk – Годфреј Саливен имал примања од 17 милиони во 2013-та.

#13 Hewlett-Packard – Мег Витман покрај платата од 1 долар заработила и 17.4 милиони долари во 2013-та.

#12 Поранешниот директор на Qualcomm – Пол Џејкобс имал примања од 20.4 милиони долари.

#11 AT&T CEO – Рандал Стефансон имал примања од 20.6 милиони долари во 2013-та.

#10 Cisco CEO – Џон Чемберс во 2013-та имал примања од 21 милиони долари.

#9 Yahoo – Мариса Мајер во својата прва година како директорка заработила 24.9 милиони долари.

#8 Nuance Communications – Пол Ричи во 2013-та заработил 29.2 милиони долари.

#7 T-Mobile – Џон Легер имал примања од 29.2 милиони долари во 2013-та.

#6 Solera Holdings – Тони Аквила имал примања од 29.9 милиони долари во 2013-та.

#5 Salesforce – Марк Бениоф имал примања од 31.3 милиони долари во 2013-та.

#4 TripAdvisor – Стив Кауфер имал примања од 39 милиони долари во 2013-та.

#3 LinkedIn – Џеф Војер имал примања од 49.1 милиони долари во 2013-та.

#2 New Zynga CEO – Дон Матрик заработил 57.8 милиони долари во првата година на работа.

#1 Oracle – Лери Елисон во 2013-та заработил 96.2 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП