5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOдбиен предлогот на Google и Apple

Oдбиен предлогот на Google и Apple

jobs so smit

Четири компании – „Google“, „Apple“, „Adobe“ и „Intel“ – учествувале во „заговор“ според кој ниту една на друга не се обидувале да си превземаат вработени. Поради тајниот договор меѓу големата четворка во загуба биле вработените кои имале потенцијално помали плати и полоши работи од тоа што би било, ако не била користена оваа пракса при вработувањето.

Компаниите во април предложиле решение пред судот со кое неправдата би требала да биде корегирана. Вкупно требале да исплатат 324.5 милиони долари за преку 60.000 оштетени.

Сепак судијата Луси Кох, инаку позната од парниците меѓу „Apple“ и „Samsung“, одлучила дека понудениот износ е премал и неможе да ја компензира сторената штета. Таа сметала дека минималниот износ кој треба да биде понуден е 380 милиони долари.

Скандалот околу ова избувнал откако во јавноста се појавиле приватни „e-mail“ пораки кои ги разменувале високопозиционирани претставници на „Apple“ и „Google“.

Само еден од примерите е пораката на Стив Џобс во која му рекол на Сергеј Брин, дека ако „Google“ земе некој од вработените од „Apple“, тоа ќе значи војна меѓу двете компании. Подоцна Ерик Шмит му рекол на Џобс дека тој од „Google“ што му ја понудил работата на вработениот од „Apple“ ќе биде отпуштен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП