27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуското ембарго ќе ја запечати судбината на многу компании

Руското ембарго ќе ја запечати судбината на многу компании

pazarzemjodelskiproizvodi

Шефот на австриската Aгенција за маркетинг на земјоделски производи (АМА) Мајкл Блас смета дека руското ембарго на увозот на земјоделски производи од земјите од ЕУ може да ја запечати судбината на бројни компании.

Според него, контра мерките на Москва можат одделни извозници да ги доведат до банкрот. „За одделни компании ова ембарго може да значи да се биде или не“, нагласи Блас.

Тој укажа дека веќе сега производителите на прехрамбени производи во Австрија се во многу непријатна фаза, дека приходите се на граница и дека во земјоделството во моментот тешко се работи со покривањето на трошоците.

„Постои голем притисок од увозот бидејќи цените се договараат и до последен цент’“, објасни Блас.

Тој притисок, како што истакна, сега сигурно ќе расте бидејќи многу производители од ЕУ ќе започнат со освојување на нови извозни пазари.

Последиците ќе ги почувствуваат стотици австриски компании, но бројката во моментов не може точно да се процени, нагласи тој.

Блас укажува дека сумата од 400 милиони евра, која би била на располагање од фондовите на ЕУ, нема да биде доволна.

Производителите во оваа земја, како што наведува, веќе се прашуваат што да прават со производите кои веќе се запакувани за рускиот пазар, затоа и ја нагласи потребата за воспоставување на кризен штаб бидејќи меѓу производителите владее страв и хаос.

Потрошувачите во Австрија ги повика на солидарност со австриските производители и повика на масовно купување на домашна стока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП