3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРазговор за работа: Како да одговорите на прашањето за платата?

Разговор за работа: Како да одговорите на прашањето за платата?

intervjuintint1

Кога станува збор за разговор за работа некои сакаат платата да стане тема на разговор, но на прашањето за висината на платата сите неволно одговараат. Стравот е оправдан – доколку кажете недоволно висока сума може да оставите впечаток дека самите себеси не се цените доволно.

Доколку поставите премногу високи очекувања, постои можност да вработат некој друг кој има пореални очекувања. Сепак, работодавците инсистираат кандидатот да се изјасни за платата која ја очекува, пред тие да ја дадат понудата.

Постојат многу одговори кои можете да ги понудите кога се поставува прашањето за тоа каква плата очекувате. Можете да кажете дека сте флексибилни или дека ќе се прилагодите на платата која ја нуди работодавецот. Иако таквиот одговор понекогаш ќе го задоволи работодавецот, можно е да се случи сепак тој да инсистира да ја наведете саканата сума.

Значи, што да направите кога ќе се најдете во таква ситуација?

1. Подгответе се

Наместо да се надевате дека ова прашање на разговорот за работа ќе ве заобиколи, подобро подгответе се за тоа дека на работодавецот ќе мора да му наведете точна сума за која сте подготвени да работите.

2. Направете детално истражување

Најпрво дефинирајте колкав е распонот на платата за работното место кое ве интересира. Потоа земете го во предвид градот во кој се наоѓа компанијата, распонот на плата за наведеното занимање во тој град, брендот, но и вашето досегашно релевантно работно искуство.

3. Очекувањата не ги базирајте на вашите потреби

Би било идеално платата да може да ја реши вашата месечна рата од кредитот и финансирањето на сите други трошоци кои ги имате, сепак, водете се од она што го нуди пазарот. Водете сметка вашите очекувања да бидат во согласност со она што го нуди пазарот.

4. Внимателно одберете го опсегот на платата

Секогаш добро размислете за прифатливата долна граница бидејќи може да се случи работодавецот да ви ја понуди токму таа плата, можете најпрво да бидете задоволни со износот кој сте го навеле.

5. Вежбајте го на глас одговорот на ова прашање

Можеби ви звучи чудно, но за повеќето луѓе разговорот за платата претставува непријатност и во тој момент тие можат да се блокираат. Што повеќе ја изговарате таа реченица на глас ќе ви биде многу полесно да ја повторите самоуверено и пред работодавецот.

6. Не правете од ова табу тема

Би било идеално кога вие и работодавецот би имале исти очекувања кога станува збор за висината на платата, но и доколку на таа тема се разликуваат вашите мислења, договорот сепак може да биде постигнат. Најважно е од оваа тема да не правите табу тема. Кога ќе ве прашаат за очекувањата, едноставно одговорете и потпрете се на добрата подготовка која ќе ја направите пред разговорот за работа.

Објаснете го одговорот и покажете дека добро сте се информирале и добро сте размислиле за темата пред да дојдете на разговорот. Немојте по секоја цена да одбивате да кажете колкав е износот на платата која ја очекувате бидејќи тоа на крајот може да испадне поголем пропуст отколку едноставно да ги кажете вашите очекувања. Покажете дека можете зрело и одговорно да разговарате за се, па така и за платата која ја очекувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП