Инфлацијата во Кина во јули изнесуваше 2,3 проценти, односно исто како и минатата година, што е во согласност со очекувањата на економистите.
Во однос на јуни, цените на стоката за широка потрошувачка се зголемени за 0,1 проценти, што исто така беше очекувано, соопшти кинескиот Завод за статистика.
Производствените цени кои се формираат на излезот на стоката од фабриките, се намалени за 0,9 проценти во однос на претходната година, односно за 0,1 проценти на месечно ниво и тоа 29 месеци по ред.
Ниската инфлација му остава простор на Пекинг во случај на потреба да ја стимулира економијата. Стабилноста на инфлацијата е вообичаена, освен за време на празниците – кинеската Лунарна нова година, кога цените нагло се зголемуваат.