1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките производители кои ќе бидат погодени од руското ембарго ќе бидат компензирани

Грчките производители кои ќе бидат погодени од руското ембарго ќе бидат компензирани

grcija-evra[arinazad

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека грчките производители ќе имаат целосна поддршка од државата, по руското ембарго за увоз на одредени производи.

Министерството истакна дека во соработка со министерствата за развој и рурален развој, ќе преземе серија мерки за да се намали колку што е можно влијанието на руското ембарго врз увозот на свежи грчки земјоделски производи.

Овие мерки, покрај надоместокот за производителите кои ќе бидат погодени од ембаргото, вклучуваат и активирање на механизми за да се пренасочат производите на домашниот пазар и кон други извозни дестинации.

Грчкото МНР додаде и дека производителите ќе бидат во целост компензирани, доколку и покрај мерките, се уште имаат загуби.

Изминатиов викенд околу три илјади камиони со грчки праски и нектарини останаа блокирани на руските граници и чекаат да видат дали нивното овошје ќе биде прифатено.

Министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос пред неколку дена рече дека Атина прави постојани напори со цел што повеќе да се намалат последиците, ако е можно дури и да нема последици од руското ембарго.

Грција би можеле да загуби речиси 180 милиони евра доколку Русија ја спроведе едногодишната забрана за увоз на храна од Европската унија, но Атина се надева дека голем број локални производи ќе бидат ослободени од ембаргото.

Весникот „Катимерини“ пред неколку дена објави дека руски дипломатски извори наводно усно ја увериле Атина дека многу грчки производи нема да бидат ставени на листата на производи кои Русија ќе ги забрани за увоз, а конечниот список се очекува деновиве.

Во 2013 година грчкиот извоз во Русија изнесувал 178 милиони евра. Сепак, тој годинава веќе е намален. Според Асоцијацијата на грчките извозници, вредноста на грчкиот извоз во Русија во првите три месеци бил помал за 23,9 отсто во споредба со 2013 година, односно паднал од 82,9 на 63 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП