27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтпуштања во Финска поради рускиот бојкот

Отпуштања во Финска поради рускиот бојкот

finska otkazi

Финскиот гигант за млаечни производи „Валио“ ќе започне преговори идната недела околу отпуштања на вработени како последица на бојкотот на Русија на увозот на прехранбени производи од ЕУ, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Преговорите се однесуваат на 800 вработени на четири места.

Според „Валио“, најавените отпуштања би можеле да резултираат со престанок на обновување на договорите за вработувања на определено време.

Претставништвото на „Валио“ во Русија ги испитува можностите во подоцнежна фаза да го редуцира производството, кога ќе дојде до намалување на продажбата во руската малопродажна мрежа.

„Валио“ во Русија има околу 500 вработени, јави финската телевизија ИЛЕ. Оваа финска компанија има мошне значаен удел во вкупниот извоз на Финска – над 400 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП