25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска ја тужи Русија кај СТО

Полска ја тужи Русија кај СТО

polskapoland12455

Полска ќе достави жалба до Светската трговска организација (СТО) поради руската забрана за увоз на овошје и зеленчук од Полска, изјави министерот за земјоделство, Марек Савицки.

„Не можевме порано да поднесеме жалба, бидејќи дури вчера добивме официјално извесување за забраната, пред тоа имавме само медиумски извештаи“, рече Савицки за еден полски весник, а пренесува „Reuters“.

Соопштението на Варшава доаѓа набрзо откако Европската комисија одличи да формира работна група составена од високи земјоделски експерти од сите земји на Европската унија, кои ќе ги анализираат последиците од руската забрана на храна од Унијата.

Официјална Москва вчера го забрани увозот на прехрамбени производи од Запад, како одговор на европските и американските санкции за Русија поради украинската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП