18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит на Франција изнесува 59,4 милијарди евра

Буџетскиот дефицит на Франција изнесува 59,4 милијарди евра

francija14

Дефицитот во француската државна каса на крајот на јуни се зголеми на 59,4 милијарди евра, што е речиси непроменето ниво во споредба сo истиот период минатата година, кога тој изнесуваше 59,3 милијарди евра, соопшти француското Министерство за буџет.

На крајот на јуни буџетските трошоци изнесуваа 194,4 милијарди евра, или за 0,9 проценти помалку во однос на јуни 2013 година, кога изнеусваа 196,2 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Во исто време, приходите изнесуваа 151,7 милијарди евра, во однос на 152,7 милијарди евра на крајот на јуни 2013 година, што претставува намалување од 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП