28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Економијата закрепнува, во првиот квартал раст од 3,9%

НБРМ: Економијата закрепнува, во првиот квартал раст од 3,9%

nbrm

Во првиот квартал од годинава Бруто домашниот производ, според податоците на НБРМ, оствари раст од 3,9 проценти, што е повисока стапка од очекувањата.

Главен двигател на растот и натаму е извозниот сектор, како ефект од зголемената активност на новите производствени капацитети во технолошко-индустриските развојни зони и постепеното засилување на надворешната побарувачка. Силен ефект врз растот, според Централната банка, имаа и бруто-инвестициите главно како резултат на зголемените приватни и јавни инвестиции. Ваквите движења на извозот и на инвестициите овозможија натамошно одржување позитивни движења на пазарот на труд и продолжување на растот на потрошувачката на домаќинствата, а позитивно влијание врз растот на БДП имаше и јавната потрошувачка.

Од Народната банка наведуваат дека остварувањата во првиот квартал, како и расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал на 2014 година упатуваат на задржување на економијата во зоната на солиден раст и се во согласност со проектираната патека на раст на БДП од 3,7 отсто и 4,4 отсто, за 2014 и 2015 година, соодветно. Се очекува дека главен носител на растот и понатаму ќе претставуваат извозниот сектор и инвестициите, кои истовремено ќе имаат и позитивни преносни ефекти врз пазарот на труд и дополнително ќе ја поттикнат потрошувачката на домаќинствата.

И во текот на вториот квартал банките обезбедуваа поддршка за економското закрепнување преку натамошен раст на кредитирањето на приватниот сектор. Новото кредитирање во овој период во поголем дел беше насочено кон домаќинствата, при натамошно задржување на кредитната поддршка и кон корпоративниот сектор. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во јуни достигна 8,5 отсто, што е над проекцијата за вториот квартал од 7,3 отсто во услови на послаби остварувања кај депозитите во однос на априлските очекувања од 8,3 отсто наспроти 9,5 отсто во проекцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП