Следната генерација на спортскиот автомобил на „Nissan“ би требало да ја добие ознаката „Z35“. Во однос на актуелната верзија која најмногу се потпира на пазарите во САД и Јапонија, новиот „370Z“ е дизајниран во голема мера како глобален модел.

Информациите до кои дојде магазинот „Motoring“ откриваат дека покрај купе верзијата во понудата ќе се најде и кабриолет, кој ќе биде дизајниран во „targa“ стилот, а идниот „Nissan Z35“ ќе има и поагресивен изглед во однос на претходникот.
Во план е новиот модел да добие хибриден погон. Автомобилот освен електромотор ќе биде опремен и со 2.0-литарски четирицилиндарски турбо-бензинец со 211 ks кој е развиен во „Mercedes“ и кој се користи во моделот „Infiniti Skyline 200GT-t“ (верзија на „Infiniti Q50“ за јапонскиот пазар).
Во врвот на понудата исто така ќе се наоѓа хибриден модел со 3.0-литарски шестцилиндарски бензински мотор со турбо полнење и со 408 ks, a и оваа погонска единица пристигнува од фабриката на „Mercedes“.
Се очекува дека наследникот на „Nissan 370Z“ ќе се најде во продажните салони во 2016-та година, додека концептната верзија би можела премиера да има веќе на крајот на 2014-та или почетокот на 2015-та година.