20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВинариите подготвени за откуп, ќе се разгледаат сите можности за да им...

Винариите подготвени за откуп, ќе се разгледаат сите можности за да им се помогне

vinarija

Поголем дел од винарските визби се подготвени за откуп на грозјето, но, како што рекоа на денешната прва средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, се уште е рано да се зборува за откупните цени поради нестабилните временски услови кои до бербата можат да ја променат состојбата со количините и со квалитетот на родот.

Според винарите, ова ќе биде тешка година и за нив и за винариите поради намалениот квалитет на грозјето, на количествата, но и на конкуренцијата која доаѓа од евтиното шпанско вино.

Министерот Цветков посочи дека треба заеднички да се најдат оптимални решенија кои ќе одговараат и на производителите и на преработувачите.

Согласно Законот за вино, пет винарски визби од кои две поголеми „Повардарие“ и „Аневски“, поради долг кон лозарите нема да вршат откуп, но со продажбата на залихите и исплата на родот планираат идната година да се вкучат во откупот.

За да не се најдат во ваква состојба, винариите предложија недостигот на финансиски средства да се обезбеди со краткорочни кредити со пониска каматна стапка наменети исклучиво за исплата на родот.

Ќе се разгледаат сите можности кои стојат на располагање за да им се помогне на винарските визби, а со тоа и на лозарите на кои треба навреме и реално треба да им се плати вложениот труд, подвлече министерот Цветков на средбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП