26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичките работници во Струга очекуваат повеќе туристи во август

Туристичките работници во Струга очекуваат повеќе туристи во август

struga_1j76uj6u76

Струшките туристички работници очекуваат зголемување на бројот на туристите во текот на август.

Елизабета Марковска од одделот за продажба и маркетинг во хотел „Дрим“ потенцира дека ќе имаат уште една успешна сезона. Во првата половина од јули, нагласи дека поради временските услови посетеноста била послаба.

„Оваа туристичката сезона може да кажеме дека е доста успешна во споредба со минатата година. Глобално во однос на временските услови во јули посетеноста на туристите беше малку послаба, меѓутоа во втората половина од месецот имаше целосна исполнетост на капацитетот на хотелот. На еднакво ниво сме со лани, но како што се движи сезоната во одредени ситуации сме и подобри од минатата година“, изјави Марковска.

На струшката ривиера и годинава најприсутни се холандските гости, како и гостите од Турција и Албанија.

„Најмногу гости имаме од Холандија, потоа присутни се и турските гости, како и индивидуалците од Албанија, а во помала бројка се застапени и гостите од Македонија“, потенцира Марковска.

За зголемување на бројот на туристите градоначалникот на Струга, Зијадин Села, најави туристичка стратегија, која покрај сместувачките капацитети ќе опфати и културни манифестации.

„Сакаме да стандардизираме и да ги регистрираме сите што даваат услуги за спиење. Имаме планирано и неколку културни манифестации бидејќи туризам без култура не може да има“, оценува Села.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП