26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезначителен раст на невработеноста во Швајцарија

Незначителен раст на невработеноста во Швајцарија

shvajcarija2

Бројот на невработени лица во Швајцарија во јули, после пет месеци последователен пад, забележа благ раст, што сепак не влијaеше да се прoмени стапката на невработеност која сеуште изнесува 2,9 проценти од работоспособното население.

Бројот на невработени во јули е зголемен за 442 лица, на 127,054, прецизираат во соопштението на Секретаријатот за економија (SECO), кое го пренесува агенцијата АФП.

Овој благ раст на невработеноста во минатиот месец се објаснува со пристигнувањето на нов број на млади лица на пазарот на труд. Инаку, бројот на невработени во категоријата на лица на возраст од 15 до 24 години е зголемен за 11,3 проценти на месечно и 5,6 проценти на годишно ниво, а во споредба со истиот месец во 2013 година вкупниот број на невработени е намален за 1,1 проценти.

Невработеноста на долг рок (повеќе од една година) бележи раст, и тоа за 6,5 проценти во споредба со јули минатата година, наведува SECO.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП