3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUNIQA осигурување со нов продукт: Каско Плус

UNIQA осигурување со нов продукт: Каско Плус

pol

Зголемена контола и безбедност при патувањето, како и можност за подобрување на профитабилноста на компаниите! 

UNIQA Осигурување неодамна го воведе својотнов производ КАСКО ПЛУС, со кој е обезбедена зголемена контрола и безбедност при патувањето, како и можност за подобрување на профитабилноста на компаниите. Сите оние кој ќе вклучат тригодишен договор за Каско осигурување со траење од три години ќе добијат и голем број на бенефиции како бесплатен ГПС уред, бесплатна инсталација како и попуст на претплатата.

ГПС локаторот може да се користи за лична употреба и при тоа овозможува увиди различни видови на известувања на вашето возило со што се зголемува неговата безбедност – полесно пронаоѓање на возилото при кражба и други поволности и извештаи. Додека компаниите кои ќе го вградат UNIQA ГПС системот ќе имаат опции за зголемена контрола врз возниот парк како и подобрување на продуктивноста и работната дисциплина, а исто така ќе се спречи и неавторизирано користење на возилата во рамките на  компанијата.Сето ова ќе доведе до намалување на трошоците за гориво, сервис и осигурувањена возниот парк на компанија која го поседува ГПС уредот, воедно зголемувајќи ја и нивната сигурност.

„Среќни сме што на пазарот воведуваме нов продукт кој се надеваме за кратко време ќе наиде на голем интерес кај нашите клиенти. Придобивките се навистина огромни, а искуствата од другите земји каде веќе се користи оваа ГПС услуга се на завидно ниво. Со негова помош лесно ќе се следи локацијата на возилотово живо, се креираат извештаи за местата на посети, времетраење на секое застанување,потрошувачка на гориво, известување за влегување и  излегување од определена зона, известување за надминување на максималната брзина на делницата одпатот, информации за нагло сопирање и забрзување и многу други придобивкикои следуваат со Каско осигурувањето на моторни возила. Сметаме дека со новиот продукт Каско Плус, UNIQA Осигурување, ќе понуди исклучителен производ кој ни овозможува многу добра основа занашиот понатамошен развој“, изјави Босилка Димитрова, член на Управниот одбор на УНИКА а.д. Скопје и одговорна за развојот на нови осигурителни продукти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП