
Украина очекува дека одлуката за исплата на втората транша помош од ММФ, во износ од 1,4 милијарди долари, ќе биде усвоена до 29. август.


Украина очекува дека одлуката за исплата на втората транша помош од ММФ, во износ од 1,4 милијарди долари, ќе биде усвоена до 29. август.
Тоа е изјавата на гувернерката на централната банка на Украина, Валерија Хонатарева.
Станува збор за рата од кредитот кој ММФ во мај и го одобри на Украина, а чија вкупна вредност изнесува 17 милијарди долари, потсетува агенцијата Ројтерс.
Украина, која се бори со проруските сили на истокот од земјата и чија економија е во рецесија од 2012 година, во мај ја прими првата транша од помошта во висина од 3,2 милијарди долари, наведува Ројтерс.