28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа тело без целулит: 3 брзи и ефикасни рецепти за мазна кожа

За тело без целулит: 3 брзи и ефикасни рецепти за мазна кожа

pilingtelotgrg57rt

Пилинзите кои се состојат од абразивни состојки како морска сол, кафеав шеќер и кафе се најдобрите пријатели вашето тело.

Пилинзите од абразивни состојќи се идеални за мазни нозе и задник, а можете да ги направите во вашата кујна. Тие ја чистат кожата од мртвите клетки, ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат непосакуваниот ефект на кора од портокал на задникот и бутовите.

 

Паста од морска сол и кафеав шеќер

Направете паста од 1 шоља кафеав шеќер, 1 шоља морска сол, сок од еден лимон, неколку кафени лажички маслиново масло и 2 лажици мед. Втријте ја пастата на критичните делови на телото и масирајте со кружни движења. Оставете ја пастата да отстои 5 минути па измијте ја со ладна вода.

 pilingtelo5434

Паста од кафе и шеќер

Измешајте половина шоља крупно мелено кафе со малку маслиново масло и 3 лажици шеќер додека не добиете хомогена паста. Со неа истријте ја непосакуваната кора од портокал на телото. Ако сакате да постигнете дополнителен ефект, пастата тријте ја со помош на абразивен сунѓер за тело кој ќе ја подобри циркулацијата на кожата.

 

Паста од алги и маслиново масло

Помешајте 3 лажици иситнети алги со малку морска сол и една четвртина шоља маслиново масло додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја оваа паста на местата зафатени со целулит и масирајте со кружни движења само неколку минути. Пастата ќе делува подобро доколку претходно ги отворите порите со топол туш, а после третманот измијте ја пастата со ладна вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП