28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМногу сиромашни во ветената земја

Многу сиромашни во ветената земја

S

Во САД една четвртина од домаќинствата едвај финансиски составува крај со крај, покажаа резултатите од анкетата која ја спроведе американската Централна банка.

Анкетата, спроведена од 17. септември до 4. октомври минатата година, опфатила 4.100 домаќинства.

Како што пренесува агенцијата АП, 34 проценти од анкетираните лица се изјасниле дека им е многу полошо отколку на почетокот на глобалната економска рецесија во 2008 година.

Третина од оние кои поднеле барање за кредит во претходните 12 месеци навеле дека биле одбиени или дека им била одобрена помала сума, а 24 проценти имаат некој вид на долг за образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП