29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка со поддршка на Македонија од 36,4 милиони евра

Светска банка со поддршка на Македонија од 36,4 милиони евра

svetska_banka

Македонија денеска на сметката на Буџетот доби 36.4 милиони евра од Заемот за развојни политики за конкурентност финансиран од Светска банка, соопшти Министерството за финансии.

„Република Македонија ги доби овие средства за успешно спроведување на реформите и развојните политики на Владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста. Позначајни реформи поддржани со овој заем се: развојот на производство со висока додадена вредност преку привлекување инвестиции, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрувањето на ефикасноста на трговската размена со странство, поголема флексибилност на пазарот на труд и развој на вештини и иновации“, се наведува во соопштението.

Овој заем е продолжение на Првиот програмски заем за развојни политики за конкурентност во износ од 38.7 милиони евра од 2013 година. Како што стои во соопштението, доделувањето и на втор заем е потврда за довербата на Светска банка во квалитетот на економските политики во Република Македонија.

Одржувањето на макроекономската стабилност и континуираното спроведување на реформски мерки од страна на Владата насочени кон зголемување на инвестициите, вработеноста и конкурентноста на македонската економија, додаваат, во континуитет се позитивно оценети од Светска банка што резултира со нивна финансиска поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП