6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMalaysia Airlines: План за спас

Malaysia Airlines: План за спас

malaysia_0htrujyijyu7i7

Акционерите на „Malaysia Airlines“ имаат намера во блиска иднина да го прекинат тргувањето со хартии од вредност на компанијата на главните берзи.

Како што пренесува Итар тас, повикувајќи се на локалните медиуми, тоа ќе биде првиот чекор за закрепнување на сериозно разнишаната позиција на компанијата по двете неодамнешни авионски катастрофи.

Според податоците на изворот, одлуката за судбината на националниот авиопревозник на Малезија, најверојатно ќе биде објавена сладната недела, по преговорите со акционерите и владата.

Експертите веруваат дека одлуката за отстранување од берзата ќе отвори дoполнителни можности за приватизација на компанијата, како и спречување на банкрoт на оваа авиокомпанија.

Минатата година загубата достигна 365 милиони долари, додека во 2012 година таа изнесуваше 135 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП