26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ не ја менува каматната стапка

ЕЦБ не ја менува каматната стапка

ecb121

Европската централна банка – ЕЦБ, одлучи нејзината референтна каматна стапка да остане непроменета на рекордно ниските 0,15 проценти.

Пазарите сега чекаат оценка од претседателот на ЕЦБ Марио Драги за изгледите на европската економија.

Најновите податоци за резултатите од економијата на 18 земји членки на еврозоната се разликуваат многу, а украинската криза ги зголеми стравувањата за изгледите на економијата.

Не се очекува дека Драги ќе најави нови стимултивни економски мерки, бидејќи тој во јуни објави пакет такви мерки во кои беше опфатено и намалувањето на референтната каматна стапка на 0,15 проценти, како и евтините кредити за банките.

Аналитичарите сметаат дека банката, ако се покаже дека се неопходни нови мерки, би можела да одлучи да купи голема количина, на пример, владини обврзници на отворените пазари, што е чекор кој би можел дополнително да ги намали каматните стапки и да донесе свежи пари во економијата.

Тоа, сепак, е драстичен чекор, оценуваат аналитичарите, кои веруваат дека ЕЦБ ќе се одлучи за тоа само доколку сегашните мерки не донесат резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП