28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајстарата банка дели 1.300 откази

Најстарата банка дели 1.300 откази

najstaratabankamps

Повеќе од 1,300 работници во италијанската банка „Monte dei Paschi di Siena – MPS“ ќе ја напуштат банката.

Работниците ќе заминат во рамките на програмата коja ќе им овозможи сепак да го примат поголемиот дел од заостанатите плати и бенефиции, соопшти нивниот синдикат.

Повеќето од 1.334 вработени кои се согласија да ја напуштат банката ќе бидат вклучени во социјалната програма која обезбедува околу 85 проценти од нивните плати и бенефиции, а дел од работниците ќе заминат во предвремена пензија, наведува синдикатот.

Најстарата банка во светот, која сеуште е активна, западна во криза во јануари минатата година, кога беше откриено дека поради сомнителните тргувања со финансиските деривативи била акумулирана загуба од 720 милиони евра.

Управниот одбор на „MPS“ на крајот на 2013 година одобри план за реструктуирање на банката, вклучувајќи укинување на околу 8.000 работни места и 500 филијали до 2017 година. Банката претходно затвори 400 филијали до септември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП