30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Јужен поток“ ја менува трасата низ Србија

„Јужен поток“ ја менува трасата низ Србија

JuzniTokBETA

До крајот на годинава во Србија ќе бидат поставени првите 30 километри од гасоводот „Јужен поток“, со измена на трасата во Војводина, соопшти денеска директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Тој истакна дека во земјата, што се однесува до „Јужен поток“, се оди според планот.

„Ќе има мала измена на делницата во Војводина, бидејќи гасоводот наместо кон Италија ќе оди кон Баумгартен во Австрија, каде се наоѓа најголемото складиште на гас во Европа. Наскоро ја завршуваме експропријацијата за третиот дел од трасата на гасоводот и чекаме добивање на градежни дозволи за почеток на изградбата“, нагласи Бајатовиќ.

Тој додаде дека не постои ниту една причина „Јужен поток“, како енергетски објект, да не биде изграден во Србија, како ни во другите земји низ кои треба да минува.

Бајатовиќ потсети дека станува збор за проект во кој Србија ќе има минимални ризици, а голема економска, енергетска и политичка добивка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП