2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во Германија под очекуваното ниво

Индустриското производство во Германија под очекуваното ниво

Берлин-Германија

Индустриското производство во Германија е зголемено за само 0,3 проценти во јуни поради загриженоста генерирана од конфликтот во Украина, а според консензусот на аналитичарите беше прогнзиран раст од 1,3 проценти, објави германското Министерство за економија.

Вториот квартал беше послаб од тоа што се очекуваше, по исклучително добриот прв квартал во тековната година, а падот на активностите е најизразен во градежништвото, објаснуваат од Министерството.

Нивото на нови нарачки и деловната клима во индустрискиот сектор сведочат за скромниот раст во овој момент, но позитивната тенденција се одржува, се наведува во соопштението кое го пренесува Ројтерс.

Во мај, индустриското производство во Германија забележа пад од 1,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП