7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на трошоците на живот за 0,2 и цените на мало за...

Пораст на трошоците на живот за 0,2 и цените на мало за 0,6 проценти

troshocizivot1

Трошоците на живот во јули 2014 во однос на претходниот месец бележат пораст од 0,2 проценти, а цените на мало за 0,6 отсто, додека во однос на јули лани пораст од 0,3 отсто е забележан кај трошоците на живот, а кај цените на мало нема промена, објави Државниот завод за статистика.

Порастот на индексот на трошоците на животот од 0,2 отсто во јули 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 5,08 отсто, лебот и белите печива за 1,3 отсто, чоколадните производи за 0,7 отсто и сувото овошје за 0,6 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај тутунот за 5,5 отсто, електричната енергија за домаќинствата за 3,6 отсто, гасот за домаќинствата за 2,7 отсто, цвеќињата и услугите за сместување за 2,4 отсто, течните горива и мазива за 2 отсто, течните горива за домаќинствата за 1 отсто, лековите за 0,9 отсто, велосипедите и пијалоците во рестораните и хотелите за 0,3 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во јули 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот зеленчук за 8,3 отсто, меленото жито за 4,1 отсто, конзервираната риба за 1,1 отсто безалкохолните пијалоци за 0,9 проценти, киселото млеко за 0,8 отсто, тестенините за 0,7 отсто, конзервираните месни производи за 0,6 отсто, свежото млеко и конзервираниот зеленчук за 0,4 отсто, трајните колбасичарски производи, рибата, преработките од млеко и други прехранбени производи за 0,3 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај средствата за чистење и одржување на станот за 0,6 отсто и обувките за 0,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП