3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните цени на храната на шестмесечен минимум

Глобалните цени на храната на шестмесечен минимум

hrana564848552223

Глобалните цени на храната во јули се намалија на најниското ниво во последните шест месеци благодарение на поевтинувањето на житарките, маслото за јадење и млечните производи, со што беше ублажено поскапувањето на месото и шеќерот, соопшти денес Организацијата на ОН за храна и земјоделство – ФАО.

Во соопштението се наведува дека индексот на цената на храната, со кој се мерат месечните промени на потрошувачката кошница со житарици, млечни производи, месо и шеќер, во јули изнесувал 203,9 поени, што е за 4,4 поени или 2,1 проценти помалку отколку во јуни.

Во споредба со јули 2013 година, индексот е намален за 3,2 поени, односно 1,7 проценти.

Житариците се поевтини поради многу поволните прогнози за жетвата во многу земји кои се најголеми светски производители, што ќе овозможи обемен извоз.

ФАО проценува дека глобалното производство на житарици оваа година ќе изнесува 2,498 милијарди тони, што е за 18 милиони тони повеќе во однос на претходната проценка.

ФАО очекува дека на крајот на сезоната од 2015 година, светските залихи на житарици ќе изнесуваат 604,1 милиони тони. Тоа е за пет проценти повеќе во споредба со претходната проценка од 576 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП