1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle: Понизок профит отколку во 2013-та

Nestle: Понизок профит отколку во 2013-та

nestle 39

Швајцарскиот гигант „Nestle“ во првата половина од тековната година забележа пад на нето профитот на 4.6 милијарди франци или од 5.1 милијарди од истиот период во 2013-та.

Приходите од продажбата изнесуваат 43 милијарди франци, а тоа претставува намалување од 4.8 отсто.

За првото полугодие аналитичарите во просек предвидуваа нето профит од 5.01 милијарди франци, додека прогнозираниот раст на приходите бил помал од остварениот (4.5 oтсто).

Растот на пазарите на земјите во развој, во кој учестуваат со 44 проценти од вкупната продажба на оваа компанија, изнесуваше 9.7 проценти во првото полугодие, додека во истиот период од 2013-та бил 8.2 oтсто.

Во Америка, најголемиот пазар за „Nestle“, продажбата во споменатиот период порасна за 4.9 проценти. Растот во Европа изнесувал 1.4 отсто, но цените продолжиле да паѓаат.

Оперативната маржа и покрај порастот на трошоците благо опадна во првите шест месеци на 15 од 15.1 отсто во првата половина од 2013-та, додека за целата 2013-та изнесуваше 15.2 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП