4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа се жали поради руската рампа

Европа се жали поради руската рампа

58292920253da22b699ebf879327778_368x245

ЕУ најверојатно ќе поднесе низа жалби до Светската трговска организација – СТО поради одлуката на Русија да го забрани увозот од земјите кои и воведоа санкции поради Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша декрет „За примена на одредени специјални економски мерки со цел безбедност на Руската Федерација“. Со тој декрет се забранува или ограничува на период од една година увоз во Русија на земјоделски производи, суровини и храна од земјите кои им се придружија на санкциите кон Русија.

„Ние ќе разговараме со партнерите, бидејќи во интерес на СТО е да се заштитат членките на Европската комисија. Тоа се прави со соработка, така што верувам дека ќе постои одговор на ова прашање. Рано е да се зборува за сите импликации, бидејќи е неопходно внимателно да разгледаме се и да извлечеме заклучок. Сега, тешко е да се говори за деталите“, изјави министерот за надворешни работи на Ливанија, Линас Линкевичиус.

Литванија е една од земјите на ЕУ која најмногу зависи од трговскиот однос со Русија, која во 2013 година од балтичката држава увезла стока вредна 25 милијарди евра.

„Руската рампа“ како одговор на сакциите од Западот ќе трае најмалку една година и предвидува забрана на увоз на производи од говедско, пилешко месо, овошје и млечни производи од земјите на ЕУ, САД, Канада и Норвешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП