5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБил Гејтс повторно продава акции на Microsoft

Бил Гејтс повторно продава акции на Microsoft

bilco32

Да се биде основач на една компанија и не е така лоша работа, особено ако станува збор за „Microsoft“ и ако Вие лично сте Бил Гејтс.

Една од причините што секако компанијата е успешна и што Бил Гејтс благодарејќи на тоа во приватна сопственост има доволен број на акции на „Microsoft“, така што може да си дозволи милионска квартална продажба веќе подолго од деценија.

Па така Гејтс во периодот од 24-ти јули до 30-ти јули повторно продаде ни помалку ни повеќе туку 20 милиони акции на „Microsoft“ по цена од 43.45 и 44.54 долари што на крајот му донесе приходи од 882 милиони долари. Како и досега стекнатиот износ Гејтс нема да го троши на лични патувања и забава, туку во целост ќе биде уплатен на име на фондацијата „Bill & Melinda Gates“.

По најновата продажба на Гејтс му останаа уште 298 милиони акции кои со ова темпо (20 милиони по квартал) ќе ги распродаде најкасно до месец септември до не така далечната 2018-та година. Сепак тоа незначи дека во септември 2018-та тој ќе стане сиромашен, акции за натамошна продажба има и повеќе од доволно во другите компании и во кои тој е акционер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП