26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBank of America се согласи да плати од 16 до 17 милијарди...

Bank of America се согласи да плати од 16 до 17 милијарди долари

bankofamericajhnlo78y79t7u

„Bank of America“ се согласи да плати рекордни 16 до 17 милијарди долари во рамките на договорот со американското Министерство за правда.

Со тоа ќе биде ставен крај на спорот околу продажбата на сомнителни хипотекарни кредити кои предизвикаа финансиска криза, објави неименуван извор запознаен со ситуацијата.

Според прелиминарниот договор, банката на министерството ќе му плати девет милијарди долари во готовина, додека остатокот најверојатно ќе го надокнади преку овозможување на помош на клиетите при враќањето на кредити, наведува изворот, и додава дека за деталите за предложениот договор сеуште се преговара.

По завршувањето на овој спор, „Bank of America“ ќе добие неславен статус на банкарска институција која е најстрого казнета поради малверзации во продажбата на хипотекарни кредити.

Казната за „Bank of America“ е поголема од казната за „Citigroup“ во висина од седум милијарди долари и „JP Morgan Chase“ од 13 милијарди долари во ноември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП