8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста ја погоди и Австралија

Невработеноста ја погоди и Австралија

avstralijajoqu8s9y

Стапката на невработеност во Австралија во јули се зголеми на 12-годишен максимум од 6,4 проценти, што е најновиот индикатор дека економијата на оваа земја забавува.

Според соопштението на австралискиот Завод за статистика, во јули дошло до неочекуван скок на стапката на невработеност од јунските шест проценти, при што бројот на вработени кои работат полно работно време пораснал за 14.500, но бројот на оние кои работат скратено работно време се намалил за 14.800, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите очекуваа дека во тој месец во стопанството ќе бидат отворени 12.000 работни места, но вкупниот број на невработени во јули порасна за 43,700 на 789.000.

По објавувањето на овие податоци, австралискиот долар регистрираше пад на вредноста на 92,96 американски центи од вчерашните 93,55 центи, а најновите податоци, според оценката на економистите, се далеку полоши од очекуваните, и тоа за прв пат од 2007 година стапката на невработеност во Австралија е повисока од невработеноста во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП