26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Ford Mondeo конечно и во Европа (фото)

Новиот Ford Mondeo конечно и во Европа (фото)

mondeo pet 1

Oд претставувањето на новиот „Mondео“ поминаа две години, а овој модел се уште не е достапен за европските купувачи. Од „Ford“ соопштија дека петата генерација од нивната лимузина во октомври конечно ќе пристигне и во продажните салони во Европа.

„Ford“ планираше европското производство на „Mondeо“ да започне во април 2013-та, но дојде до одложување поради проблемите кои беа во врска со хомологацијата и техничките спецификации на автомобилот.

Иако првично се говореше дека почетокот на производството ќе доцни најмногу до три месеци, чекањето се одложи на повеќе од една година.

mondeo pet 2

Кога во почетокот на есента конечно ќе се најде во продажба, новиот „Mondeo“ ќе биде првиот „Ford“ на европскиот пазар чии фарови во целост се од „LED“ светла.

Преминувањето на „LED“ технологијата им овозможи на дизајнерите да обликуваат тенки и елегантни светлосни групи, велат од „Ford“.

Претходно е најавено дека новиот „Mondeo“ ќе биде достапен со новиот 1.5-литарски „EcoBoost“ бензинец со 150 ks (110 kW) и 240 Nm максимален вртежен момент.

mondeo pet 3

Овој мотор пристигнува како замена за постоечката 1.6-литарска единица, а основната предност на новиот мотор е тоа што ќе биде поекономичен и што ќе има помала емисија на јаглен-диоксид.

Покрај тоа, се очекува и трицилиндарски 1.0-литарски „EcoBoost“ кој овозможува овој голем семеен автомобил да емитува помалку од 130 грама „CO2“ по километар.

Што се однесува до останатите мотори во понудата ќе биде и 2.0-литарски „EcoBoost“, a oд дизелите новиот 1.5-литарски „TDCi“, како и веќе познатите дволитарски.

mondeo pet 4

Во план е верзија со хибриден погон кој ќе се состои од 2.0-литарски бензински мотор и електромотор, а комбинираната моќ на погонскиот систем ќе достигнува 190 ks (140 kW).

Хибридниот „Mondeo“ би требало просечно да троши 4,3 l/100 km со „CO2“ емисија која изнесува 99 g/km. Кога погонот користи само електрична енергија, овој автомобил ќе биде во состојба да помине и до 32 km, a во хибриден режим од место до 100 km/h ќе забрзува за 8,5 секунди.

mondeo pet 5

„Ford Mondeo“ од петата генерација ќе се продава во верзии со 4 и 5 врати, како и караван верзија.

Останува да се види колку задоцнетото појавување на „Mondeо“ на пазарот ќе влијае на продажните резултати на овој модел во Европа, особено имајќи ја во предвид почетната цена во Германија која изнесува 27.150 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП